Макрон му порачал на Пендаровски: Сега на нас ни треба повеќе време

Во вечерашното издание на Топ Тема на телевизија Телма, претседателот Пендаровски, зборуваше за средбата со францускиот претседател Емануел Макрон.

Пендаровски истакнал и дека не добил гаранции од ЕУ дека ќе добиеме преговори, туку само гаранција дека методологијата се подготвува, која ќе биде нешто ново.

– Можно е промената на методологијата да ги засегне и базичните европски договори, но крајниот рок кој јас си го поставувам себеси е март. Добивме одлука и дека нема да има политичка одлука подоцна од мај, рече тој. Во март чекаме да биде усвоена методологијата, која во моментов циркулира како нон пејпер и за чија содржина знаат неколку земји членки на ЕУ – вели Пендаровски.

Средбата на Пендаровски со  Макрон траела 20 минути, во текот на кои Пендаровски стекнал впечаток дека францускиот претседател е необичен политичар, интелигентен и дискретен.

–  Овојпат нам ни треба повеќе време, не вам – му рекол Макрон на Пендаровски во врска со реформите во ЕУ, пред да продолжи проширувањето на Унијата.

Пендаровски добил впечаток дека Макрон е необичен политичар, нестандарден, интелегентен и директен.

Не заобиколува и не користи дипломатски речник, вели претседателот. Освен за методологијата, и за политичката одлука по нејзиното усвојување, Пендаровски добил и гаранција и дека Макрон ќе ја посети нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот