Макрон му нуди специјално партнерство на Балканот?

Франција започна неофицијални дипломатски консултации за тоа на поединечни земји од западен Балкан да им се понуди привилегирано специјално партнерство.

Привилегираното специјално партнерство би било замена наместо полноправно членство во ЕУ.

Според овој предлог, како што се пренесува, на земјите од западен Балкан ќе им биде понудена финансиска помош, посебни аранжмани за пристап до европските пазари и други бенефиции во замена за „тивко откажување“ од полноправното членство.

Како што јавуваат медиумите, Франција се наоѓа под притисок на европските партнери за на европскиот самит во март следната година да отстапи од својот тврдокорен став и да им одобри почнување на преговорите на Македонија и Албанија, а дека сите преостанати проблеми потоа да се решаваат во текот на отворањето на пристапните преговори.

Затоа изборите во Македонија се закажани за во април, за да се види дали ЕУ сепак во март ќе одобори продолжување на предпристапниот процес.

На самитот во март, би требало да се зборува и за Босна и Херцеговина, под услов таму до тогаш да се формира влада и да се почнат конкретни чекори кон имплементација на препораките од Европската комисија.

Медиумите потсетуваат и дека слична ваква понуда Германија пред десетини години им ставила на маса на Турција, ветувајќи и „привилегирано партнерство“ наместо членство, но и тоа сега е сфатено како елегантен начин за откажување од примањето на Турција во ЕУ.

Инаку, европските медиуми се полни со критики кон Франција, обвинувајќи ја дека со откажувањето од проширувањето на ЕУ, го туркаат Западен Балкан во рацете на Русија, Турција и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот