Макрон му кажал на Ердоган: Напредокот меѓу ЕУ и Турција „минува преку кипарскиот проблем“

Макрон и Ердоган / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV / POOL

Кипарскиот претседател Никос Христодулидис изјави дека за време на неформалниот разговор во четвртокот, на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му изразил подготвеност за продолжување на преговорите за кипарскиот проблем, што ќе помогне за напредок во односите меѓу ЕУ и Турција.

Христодулидис, зборувајќи по неговото пристигнување на состанокот на неформалниот Европски совет во Будимпешта, исто така рече дека францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот вечерта го информирал за средбата што ја имал со самиот Ердоган, при што му рекол на турскиот претседател дека зајакнувањето на односите ЕУ-Турција „минува преку кипарскиот проблем“.

„Како што ми беше кажано, претседателот на Турција повика на зајакнување на односите меѓу ЕУ и Турција, како што рече и при неговата интервенција на состанокот на Европската политичка заедница, а како дополнителен аргумент дури ја наведе позитивната клима меѓу Грција и Турција“ за да укаже на желбата на Анкара да ги подобри односите со ЕУ“, изјави Христодулидис цитирајќи ги информациите што ги добил од Макрон.

Тој додаде дека е задоволен од одговорот на Макрон кон Ердоган.

„Република Кипар е земја-членка на ЕУ. И тоа е важно бидејќи овие пораки не се пренесуваат само од наша страна, тие се пораки кои ги пренесува ЕУ како целина“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот