Макрон: Ќе засадиме милијарда дрвја за да ги обновиме изгорените шуми

Емануел Макрон
Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN HARTMANN

Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека Франција ќе засади една милијарда дрвја за десет години откако во текот на летото пожари опустошија многу шуми, особено во југозападна Франција. Тој најави и дека ќе инвестира 250 милиони евра во реновирање на авионите и хеликоптерите што се користат за гаснење пожари.

Тој зборуваше на церемонијата во Елисејската палата за наградување на пожарникарите, волонтерите и претставниците на локалните власти кои учествуваа во борбата против шумските пожари. Пламените јазици опустошија 72.000 хектари земја – шест пати повеќе од вообичаено на годишно ниво во последните 10 години, истакна Макрон.

По невообичаено топло лето и есента во Франција и Шпанија е исклучително топла. Затоа, загриженоста поврзана со климатските промени во Европа се зголемува. – Оваа година е исклучок, но можеби нема да изгледа како исклучок во иднина, изјави денеска Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот