Макрон: Ќе се смета за пропуштена шанса ако Трамп и Рохани не се сретнат во Њујорк

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе биде штета ако иранскиот и американскиот претседател Хасан Рохани и Доналд Трамп не се состанат за време на седницата на Генералното собрание во Њујорк.

– Важно е Рохани да не ги напушта САД без средба со претседателот Трамп. Ова е пропуштена можност. Бидејќи тој нема да се врати неколку месеци и Трамп нема да замине во Техеран, и затоа треба да се сретнат сега – рече Макрон на состанокот со Рохани и британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на Генералното собрание на ОН.

САД се повлекоа од нуклеарниот договор на светските сили со Иран минатата година и оттогаш извршија економски притисок врз Техеран за да престане да ја развива својата нуклеарна програма.

Макрон веќе разговараше со Рохани во понеделникот, во обид да ги намали тензиите меѓу Вашингтон и Техеран и во надеж дека ќе започнат разговори меѓу двете страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот