7 C
Скопје

Макрон: Ќе примам вакцина на „АстраЗенека“ кога ќе ми дојде редот

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави оти со задоволство би прифатил да биде вакциниран против ковид-19 со вакцината на „АстраЗенека“ и „Оксфорд“, доколку биде во понудата кога ќе дојде на ред.

– Со оглед на најновите научни студии, ефикасноста на вакцината на „АстраЗенека“ е докажана, рече Макрон пред новинарите по виртуелниот Самит на Европската Унија, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

– Ќе дојде ред и на мене, но има време. Ако тоа биде вакцината што ќе ми биде понудена, секако ќе ја прифатам, додаде претседателот на Франција.

Макрон предизвика изненадување во Велика Британија, откако претходно во оваа година рече дека вакцината делувала „квази-ефикасно“ меѓу повозрасните лица од 65 години, потсетува „Ројтерс“.

Прочитајте и...  Индија со рекорден број на новозаразени, Мумбај се подготвува за целосно затворање

Поврзани вести

Фаучи: Сите вакцини против ковид-19 одобрени во САД се безбедни

Слободен печат

Искра Михајловска: Архитектите се должни да помогнат да се избегнат итарпејовските манипулации при градењето и заштитата на објектите

Александра Бубевска

Индија со рекорден број на новозаразени, Мумбај се подготвува за целосно затворање

Слободен печат

Германски експерт предупредува: Полицискиот час е контрапродуктивен

Слободен печат

Ирската комисија почна истрага против Фејсбук откако беа објавени личните податоци на корисници

Слободен печат

Филипче до медицинските лица: Благодарност до сите заслужни за професионалноста, одговорноста и енергијата

Слободен печат

Остави Коментар