Макрон: Ќе бидам одговорен пред историјата ако дозволам распаѓање на ЕУ

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

Претседателот на Франција, Емануел Макрон уште еднаш предупреди на големата опасност од распад на Европската унија, на тој начин правдајќи ја својата вклученост во кампањата за изборите за Европскиот парламент, за што опозицијата отвoрено го критикува.

Во интервјуто објавено од четириесетина регионални весници, Макрон објаснил зошто тој не е само набљудувач, туку и учесник во кампањата за овие избори.

Тој истакнал дека овие избори се најважни уште од 1979 година, бидејќи Унијата се соочува со голема опасност.

„Доколку како претседател на држава дозволам да се распадне Европа, која изгради мир и придонесе за напредок, ќе бидам одговорен пред историјата“, објасни Макрон.

[ReviewDisclaimer]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот