Макрон ја започна „војната“ против коронавирусот

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

Францускиот претседател Емануел Макрон го најави почетокот на воената „Операција отпорност” (Résilience) поврзана со коронавирусот.

Како што се приближува врвот на новата епидемија на коронавирусот во Франција, вооружените сили ќе се мобилизираат за да им помогнат на населението и службите да се справат со епидемијата. Операцијата не е поврзана со антитерористичката операција Сентинел, јавија француски медиуми.

– Според новата воена операција, бродовите што носат хеликоптери ќе бидат распоредени за да им помогнат на француските прекуокеански територии, изјави францускиот претседател.

– Единството и храброста ќе ни овозможат да победиме. Ние сме само на почетокот, но ќе издржиме, истакна тој, повторувајќи неколку пати дека државата е „во војна”.

Францускиот шеф на државата ја даде изјавата синоќа, откако посети воена болница поставена оваа недела во областа Мјулуз за да го намали товарот на болниците во регионот, преплавен од пациенти со Ковид-19.

Макрон исто така вети дека ќе создаде „голем план за инвестиции” за болниците по завршувањето на кризата со коронвирусот.

Најмалку пет француски лекари се жртви на новиот коронавирус. Емануел Макрон додаде дека ќе организира состанок на синдикатите и работодавачите „за да се организира работата и да се обезбеди подобра здравствена заштита” за вработените на работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот