Макрон ја зајакна флотата: Франција е ВОДЕЧКА поморска сила во Европа

Фото: Profimedia

Францускиот претседател Емануел Макрон пред Самитот на НАТО во Лондон изјави дека Франција  нарачала шест нови патролни чамци за надгледување на нејзините прекуморски области (француските територии надвор од Европа), тврдејќи дека таа земја е лидер во поморството во Европа, јави дописникот на МИА.

– Ние се стекнавме (со овие шест нови бродови) неспоредлив капацитет, што никогаш не го имавме на поморски план за да ги заштитиме нашите простори и да ја преземеме оваа улога на поморска сила на рамнотежа, наведе Макрон.

Тој додаде дека „Франција е втора најголема поморска сила во светот” и „водечка поморска сила во Европа”.

Макрон истакна и дека побарал една француска фрегата постојано да ги следи француските бродови и да организира европско присуство во Ормутски Теснец, без да се нарушат европските трговски текови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот