Макрон ја пречека Меркел во Елисејската палата, ќе одлучуваат за иднината на Македонија – Слободен печат
ВестиМакедонија

Макрон ја пречека Меркел во Елисејската палата, ќе одлучуваат за иднината на Македонија

Париз смета дека процесот е премногу технички и дека е тешко да се сопре ако нема позитивен развој

Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Елисејската палата во Париз, каде ја пречека францускиот претседател Емануел Макрон, објави АФП.

На средбата се очекува, меѓу другото, да се разговара и за одбивањето на Париз да се согласи со почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Франција бара промена на методологијата во процесот на пристапување како предуслов за почеток на преговорите. Париз смета дека процесот е премногу технички и дека е тешко да се сопре ако нема позитивен развој. Затоа инсистира на одлука најрано во март в година. Берлин е за одлука на Советот за општи работи на ЕУ во вторник.

Освен за координација за претстојниот Европски совет, вечерата е свикана и заради подготовка на заедничката седница на владите на двете земји што в среда треба да се одржи во францускиот град Тулуз. Неодминлива се очекува да биде и темата за отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија, прашање што, според германската новинска агенција ДПА, ги доведе Париз и Берлин во нов судир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close