Макрон ја повикува ЕУ да дејствува „што е можно побрзо” против тероризмот на Интернет

epa08780627 French President Emmanuel Macron gestures following his meeting with Estonian Prime Minister Juri Ratas (not pictured) at the Elysee Palace in Paris, France, 28 October 2020. EPA-EFE/YOAN VALAT

Преговорите спроведени на европско ниво за да се принудат дигиталните платформи брзо да ја отстранат терористичката содржина на Интернет мора да бидат успешни што е можно поскоро, рече францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со естонскиот премиер Јури Ратас, јави дописникот на МИА од Париз.

 – Итно е потребно европските преговори за отстранување на терористичката содржина од Интернет, во рок од еден час, да завршат што е можно побрзо, изјави Макрон.

Имплементацијата на регулатива на ниво на Европската унија во моментов е предмет на дискусии помеѓу Европскиот парламент и земјите-членки, кои се однесуваат особено на слободата на изразување и средствата за регулирање на платформите.

За Емануел Макрон, „терористичката содржина не е незаконска содржина како и секоја друга. – Таа е убиствена, многу е вирусна. Затоа, тоа е големо безбедносно прашање со оглед на терористичката закана со која сите се соочуваме, рече Макрон.

Атентаторот на Самуел Пати, професорот по историја и географија, наводно, бил под влијание на кампања за омраза преку Интернет против професорот по историја.

Премиерот Жан Кастекс, во Брисел на 23 октомври, инсистираше на итноста од „многу посилна регулација” на социјалните мрежи на европско ниво, по состанокот со европскиот комесар за внатрешен пазар и дигитална технологија, Тиери Бретон, кој треба да го претстави законот на 2 декември за подобро регулирање на платформите.

По ручекот со Емануел Макрон, Јури Ратас ја потврди „солидарноста” на неговата земја со Франција во одбрана на „републиканските вредности” и „против исламистичкиот радикализам”.

Двајцата претседатели потпишаа „стратешко партнерство” за зајакнување на соработката меѓу Париз и Талин „во смисла на безбедност, одбрана, кибер безбедност, енергија и клима”.

Макрон потсети дека Естонија има „развиена призната експертиза” против кибер напади.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот