Макрон ја отвора вратата за Македонија!

На годинешниот состанок со амбасадорите на Франција во светот, претседателот Емануел Макрон побарал тие повторно да работат на вградување на Западен Балкан во рељефот на Европа.

Ако не дојде до потесно поврзување на Западен Балкан со Европа, за него ќе одлучуваат САД, Русија и Турција, рекол Макрон.

Како што информира Ал Џезаира, Балкан, додека министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата со партнерите од Западан Балкан разговараат за регионалната соработка, претседателот Макрон од француската дипломатија побарал поинтензивен ангажман во случувањата на Западен Балкан. Париз мора повторно да инвестира во земјите кои ја сакаат Франција смета Макрон и да не се дозволи други европски сили да играат наместо Франција.

„За да имаме европска стратегија, мораме да размислуваме за границите на Европа“,им порачал Макрон на амбасадорите.

„Сакам во тоа де се вложат средства и труд,“ рекол Макрон.

Од француската амбасада за „Слободен печат“ потврдија дека францускиот амбасадор во Македонија е на тој состанок во Париз.

Инаку со овие ставови на Макрон кажани на состанокот со амбасадорите се создава сосема нова оптимистичка слика за шансите на нашата земја на есен да добие зелено светло за добивање датум за преговори со ЕУ. Францускиот претседател со своите ставови за „прво реформи во Унијата па потоа проширување“, беше последниот скептик на патот на Македонија кон ЕУ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот