Макрон ја отфрли идејата за меѓународна истрага за пандемијата: Сега не е време за тоа

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата на австралискиот премиер Скот Морисон за итна меѓународна истрага за пандемијата на новиот коронавирус.

Макрон во телефонски разговор со Морисон му рекол дека сега не е време.

– Во моментов има итна потреба да се дејствува во синхронизација против вирусот, а не да се бара кој е виновен, изјавил францускиот претседател.

Според портпарол на Елисејската палата, Макрон сепак признал дека „има некои проблеми” и ја истакнал „потребата за транспарентност од страна на сите играчи, а не само на СЗО”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот