Макрон и Трамп за „Денот Д“: Франција никогаш нема да заборави! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Франција никогаш нема да ги заборави жртвите на сојузничните трупи кои ја ослободија од нацистичка Германија, изјави денеска претседателот Емануел Макрон, на 75-годишницата од операцијата „Денот Д“, која помогна за да се заврши Втората светска војна.

Американскиот претседател Трамп и британската премиерка Тереза Меј, му се придружија на Макрон на посебната церемонија.

Макрон во таа прилика им ја додели Легијата на честа, највисокото француско признание за заслуги, на петорица американски воени ветерани и срдечно ги прегрна.

„Вие сте меѓу најголемите Американци. Вие сте гордоста на нашата земја“, изјави Трамп во своето обраќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот