Макрон и Сунак – „Банкарска броманса“

Сунак и Макрон на КОП27/ Фото Stefan Rousseau / PA Images / Profimedia

Сунак и Макрон конечно успеаја да постигнат договор и со тоа да ја подобрат мигрантската криза која ги „скара“ двете сили

После долги години тешки преговори, односите меѓу Велика Британија и Франција на прашањето за мигрантската криза која ги мачи на Ламанш се чини дека дојде до некаков напредок, пишува „Политико“.

Како што пренесоа британските и француските медиуми, Франција и Британија постигнаа нов мултимилионски безбедносен договор со кој ќе се обидат да ги решат проблемите на Ламанш.

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека е „потребно да се стави крај на илегалната миграција која секојдневно се случува со малите бродови“.

На средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, овој договор всушност беше и главната тема на разговор, јавува британски „Тајмс“.

Сунак – Макрон/ Фото: © No10 Crown Copyright / eyevin / Eyevine / Profimedia

Двајца банкари на чело на големи европски суперсили

И Британецот Риши Сунак и Французинот Емануел Макрон пред доаѓањето на лидерската фотелја работеле како банкари.

Сунак претходно работел во „Голдман Сакс“, додека Макрон бил дел од компанијата „Ротшилд“.

Еден дипломат од ЕУ во интервју за „Политико“ се пошегува дека „двајцата лидери можат да си ги мерат своите бонуси“.

Иако првата средба помина добро, британските медиуми остануваат скептични за тоа како ќе продолжат преговорите меѓу моќните европски сили.

На маргините на КОП27 во Египет минатата недела, беше остварена првата средба меѓу двајцата лидери.

Макрон го покани Сунак во Елисејската палата пред Божиќ, но тогаш фокусот ќе биде на Украина, каде ќе се зборува за Украинското граѓанско општество. Сунак уште не објавил дали ќе ја прифати оваа покана.

Сунак – Макрон/ Фото: PA Images / Alamy / Alamy / Profimedia

Но, договорот меѓу двата лидера е сепак оптимистичен старт за понатамошните преговори, пишува „Блумберг“.

Висок функционер во Министерството за надворешни работи на Британија, кој ги познава двајцата, рече дека е уверен дека соработката ќе функционира.

„Не е изненадувачки што тие ќе продолжат со соработката“, рече британскиот функционер. „Тие се двајца од најмладите, најсвежи лидери во Европа и двајцата мислат дека нашите земји треба да работат заедно со оглед на светот во кој се наоѓаме. Тоа се нашите соодветни национални интереси“ вели тој.

Жан-Пјер Жује, поранешен француски амбасадор во Лондон, верува дека минатите кариери на двајцата мажи како банкари и министри за финансии ќе помогнат во меѓусебното разбирање. „Односот може да функционира, бидејќи тие имаа слични патишта, ги гледаат пазарите на сличен начин“, рече Жује.

Што значи новиот договор?

Како што објаснува британскиот медиум „Експрес“, претставниците на британските гранични сили за првпат ќе бидат поставени во француските контролни простории за да можат одблиску да ги следат операциите за справување со криумчарењето на луѓе. Бројот на офицери стационирани на брегот во северна Франција, исто така, ќе биде зголемен за 40 отсто според договорот од 62 милиони фунти.

Сунак соопшти дека запирањето на илегалната миграција е главен приоритет за јавноста и дека потрошил повеќе време обидувајќи се да најде решение за растечкиот проблем отколку за кое било друго прашање, освен економијата, откако се вдоми во Даунинг стрит 10.

Британскиот премиер на самитот на Г20 на Бали вети дека со текот на времето ќе го намали бројот на илегални премини.

„Мислам дека апсолутен приоритет што го имаат Британците во моментов, како и јас, е да ја контролираат илегалната миграција. „Се обврзав дека ќе се фатам со тоа ова лето. И можам да ви кажам на сите дека потрошив повеќе време работејќи на тоа отколку што било друго, освен очигледно економијата“ изјави тој.

Сунак изјави дека е премногу задоволен од договорот со францускиот колега, но нагласи дека преговорите за ова прашање „не застануваат овде“.

Франција – Британија договор/ Фото: © No10 Crown Copyright / eyevin / Eyevine / Profimedia

Како настанаа овие проблеми?

Сите овие проблеми настанаа откако Велика Британија ја напушти Европската унија во 2016-та година, а по неколку години замрзнати односи.

„Понекогаш бевме заложници – од двете страни – на домашната политика, но нашите стратешки интереси се усогласени и нашите капацитети за одговор се слични“, рече француски дипломат за „Политико“.

Досега, додаде тој, билатералните разговори се „позитивни“.

Во последниве години бројот на мигранти кои илегално го преминуваат Ламанш и доаѓаат во Британија драстично се зголеми.

Но, голем е и бројот на несреќи кои се чести во водите на Ламанш, каде стотици мигранти имаат загинато обидувајќи се да ја преминат границата во последниве неколку години.

мигранти ламанш
Мигранти Ламанш / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Затоа, и за Париз и за Лондон ваквиот договор е многу значаен.

Иако останува болна тема, двете страни мора да продолжат напорно да работат за да го решат илегалното преминување преку каналот.

За Сунак, блискиот однос со Париз ќе се покаже од суштинско значење за решавање на предизвиците поврзани со Брегзит, рече претставникот на ЕУ за „Политико“, поради влијанието што францускиот претседател го врши врз Европската комисија.

Токму Макрон, истакна дипломатот, одигра клучна улога во поставувањето на Урсула фон дер Лајен за претседател на Комисијата во 2019 година, а двајцата остануваат во близок контакт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот