Макрон и Меркел во петок ќе организираат видео самит Белград-Приштина

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Лидерите на Франција и Германија, Емануел Макрон и Ангела Меркел, како што пренесува АФП, во петок ќе организираат видео самит Белград-Приштина.

Германското министерство за надворешни работи соопштило дека повторно воспоставување на политичкиот дијалог во посредство на Европската унија, меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања за западен Балкан треба да се случат без одлагање.

Истовремено, тие порачале и дека Специјалниот суд за Косово ја има целосната поддршка на владата на Германија, но и дека меѓународната заедница, вклучувајќи ја и Германија, јасно очекува дека Косово ќе ја почитува посветеноста и подржува работата на таа институција.

Самитот беше најавен уште во март, но не е одржан заради ситуацијата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот