Макрон и Меркел со план за заздравување на економијата од 500 милијарди евра

Според планот  500 милијарди евра се наменети за секторите кои не се само технолошки.

Франција и Германија предлагаат европски план за заздравување на економијата да биде дотиран  со 500 милијарди евра, што ќе бидат наменети за буџетски расходи за земјите кои се најпогодени од новиот коронавируст.

Тоа е главната порака од заедничката француско-германска иницијатива претставена на прес-конференцијата на претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел, јави дописникот на МИА.

– Тоа ќе ја зајакне отпорноста, конвергенцијата и конкурентноста на европските економии и ќе ги зголеми инвестициите, особено во еколошките и дигиталните транзиции и во истражувањето и иновациите, се наведуива  во текстот на заедничката декларација.

Според планот  500 милијарди евра се наменети за  секторите кои не се само технолошки. Тоа е силен економски одговор што ќе помогне во борбата против невработеноста во најранливите региони.

– Средствата нема да бидат вратени од корисниците, туку од земјите-членки, истакна Макрон.

Меркел потврди дека овој план од 500 милијарди евра најпрво ќе биде насочен кон земјите кои се најранливи по кризата.

Тоа се земјите што најмногу претрпеа тие најмногу ќе ги искористат, наведе меркел.

Франција и Германија сакаат да гарантираат заеднички стратешки резерви на фармацевтски, но исто така и медицински производи. Двете земји сакаат и ги зголемуваат капацитетите на Европската унија за истражување и развој во врска со вакцините и третманите.

– Демократската идеја и европскиот сон се столбови на нашиот идентитет. Мора да се соочиме со многу лаги и напади, но не смееме да се откажеме од нашите принципи. Ние мора да преземеме повеќе иницијативи заедно за да ја придвижиме Европа напред , рече Макрон, предупредувајќи на порастот на екстремзмот  во Европа. Според него потребно е „преземање на повеќе иницијативи за да се придвижи Европа напред”.

Тој истакна дека мора да биде приоритет здравјето во Европа.

Макрон притоа нагласи дека „ќе има туристичка сезона во Европа”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот