Макрон и Џонсон не се откажуваат, но Зариф порача: Веројатноста за состанок помеѓу Трамп и Рохани е рамна на НУЛА

Фото: Профимедиа

Веројатноста за состанок помеѓу иранскиот претседател Хасан Рохани и претседателот на САД Доналд Трамп е рамна на нула, изјавил денеска иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф.

Зариф рекол дека САД, ако сакаат преговори, треба да ги укинат санкциите за Техеран и да се вратат на нуклеарниот договор од 2015 година.

– Дипломатијата е начин за решавање на прашањето. Овој состанок ни дава можност да процениме каде сме, рекол Зариф за Ројтерс пред состанокот на останатите членки на нуклеарниот договор.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека би било штета ако нема состанок на иранскиот и американскиот претседател за време на заседавањето на Генералниот совет во Њујорк.

Џонсон рекол дека се согласува со францускиот колега, пренесува Ројтерс.

Рохани денеска ќе држи говор пред Генералниот совет на ОН, кој најверојатно ќе го одреди правецот на делување на Техеран, односно дали Иран повторно ќе соработува со САД за да се намалат тензиите помеѓу долгогодишните непријатели, наведува британската агенција.

Неименуван ирански функционер рекол дека се очекува дека Рохани за време на обраќањето ќе повика на формирање на „коалиција на надеж“ во Персискиот залив, која ќе „обезбеди слободна пловидба, проток на енергија и регионална стабилност во Персискиот залив“.

Конфликтот помеѓу Техеран и Вашингтон се засили минатата година, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги повлекол САД од нуклеарниот договор, кој во 2015 година го потпишале Иран и светските сили и повторно вовел санкции, кои ја загрозиле економијата на тие земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот