Макрон го врати симболот на Француската револуција- наместо посветла, потемна сина нијанса на знамето на Франција

 Францускиот претседател Емануел Макрон донесе одлука наместо посветла нијанса на знамето на Франција да се употреби темно сина боја, јави Би-би-си. Лани на претседателската палата беа поставени знамиња со нова сина нијанса и тоа помина сосема незабележано.

Франција ЕУ/ Фото: Профимедиа

 

Според локални медиуми, Макрон сакал да ја врати темно сината боја, симболот на Француската револуција. Француската морнарица и многу згради низ земјата постојано користеле темно сини знамиња, но дека во 1976 година, со одлука на претседателот Жискар д’Естен, светло сината била воведена на француското знаме за да одговара на европското знаме.

Елисејската палата јавно не објави дека нијансата на бојата на знамето е сменета, ниту пак на другите институции им било наредено тоа да го направат. Наводно, имало несогласувања околу промената на нијансата, но сите заинтересирани инсистираат промената на бојата да не се толкува како гест против ЕУ. Се очекува Франција да го преземе ротирачкото претседателство со ЕУ во јануари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот