Макрон го повика Израел бргу да ја истражи смртта на новинарката на Ал Џезира

Емануел Макрон /Фото EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Израел бргу да ја спроведе истрагата за смртта на палестинскиот новинар убиен минатата недела за време на израелската рација на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска Елисејската палата.

Долгогодишната новинарка на Ал Џезира, Ширин Аклех, беше убиена минатата среда, а нејзината смрт и насилството на израелската полиција врз Палестинците кои беа во нејзината погребна поворка два дена подоцна го предизвикаа бесот на палестинците на и на меѓународната заедница.

„Претседателот рече дека е потресен од смртта на Ширин Абу Аклех и го повтори ставот на Франција дека истрагата треба брзо да се спроведе“, соопшти кабинетот на францускиот претседател по телефонскиот разговор меѓу Макрон и израелскиот премиер Нефтали Бенет.

Израел и Палестинците водат одделни истраги за смртта на новинарката и продолжуваат да даваат спротивставени изјави за причините за нејзината смрт.

Палестинците го обвинуваат Израел за убиството на новинарката и бараат меѓународна реакција, додека Израел ја негира одговорноста за нејзината смрт и тврди дека Абу Аклех очигледно била случајно погодена при размена на оган меѓу Израелците и Палестинците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот