Макрон го повика Иран веднаш да ги прекине сите активности што го прекршуваат договорот за нуклеарни прашања

фото ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Иран денеска, за време на разговори со новиот ирански претседател Ебрахим Раиси, „веднаш да ги прекине сите активности што го прекршуваат договорот” за нуклеарни прашања склучен во 2015 година со светските сили, соопшти француското претседателство.

Макрон, исто така, го повика Иран брзо да ги продолжи разговорите во Виена за повторно покренување на договорот со цел да се постигне решение што е можно поскоро, се вели во соопштението.

Иранскиот претседател одговори дека преговорите треба да ги гарантираат „правата” на Техеран, наведе иранското претседателство.

Тоа беше прв телефонски разговор на Раиси со западен лидер откако ја презеде функцијата минатата недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот