Макрон го обвини Ердоган: Турција ги крши ветувањата за Либија

ОАЕ, Египет и Русија го поддржуваат командантот на либиската војска на истокот од земјата, Калиф Хафтар, а Турција ја поддржува владата во Триполи.

Францускиот претседател Емануел Макрон го обвини турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган дека ги прекршил ветувањата за Либија.

Според него, турските борбени бродови и сириските борци пристигнале во таа земја.

-Сакам да изразам загриженост во врска со однесувањето на Турција во овие моменти, што е потполна спротивност на она што претседателот Ердоган се обврза на конференцијата во Берлин, истакна Макрон.

Оваа изјава доаѓа откако Обединетите Арапски Емирати, Египет и Русија од една страна и Турција од друга страна, се обврзаа дека ќе работат на постигнување траен прекин на огнот.

ОАЕ, Египет и Русија го поддржуваат командантот на либиската војска на истокот од земјата, Калифа Хафтар, а Турција ја поддржува владата во Триполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот