Макрон ги повика Вучиќ и Тачи на состанок

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика претседателите на Србија, Александар Вучиќ и на Косово, Хашим Тачи на состанок во рамките на вториот ден од парискиот форум за мир.

Засега не е позната темата на состанокот на Макрон со Вучиќ и Тачи.

Претходно, Макрон синоќа се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, а по средбата најави дека ќе се обиде да посредува во разговорите за да се најде заеднички компромис околу закочените преговори меќу Белград и Приштина.

Европа сака да посредува и да дојде до решение на косовскиот проблем оценил Макрон по синоќешната средба со српскиот претседател, додавајки дека ќе се чека формирање на новата влада во Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот