Макрон: Франција и САД треба „повторно да станат браќа по оружје”

Џо Бајден Емануел Макрон
Фото: EPA-EFE/PHIL NOBLE / POOL

Францускиот претседателот Емануел Макрон за време на државната посета на Вашингтон денеска оцени дека Франција и САД треба „повторно да станат браќа по оружје”, соочени со војната во Украина и „повеќето кризи”.

Макрон и неговата сопруга Брижит беа примени со големи почести во Белата куќа од американскиот претседател,Џо бајден.

„САД не можеа да бараат подобар партнер за соработка од Франција, рече американскиот претседател во кратката изјава покрај францускиот претседател, нагласувајќи дека сојузот со Франција останува „суштински” за стабилноста во светот.

Бајден ги поздрави, на француски, вредностите на „слободата, еднаквоста и братството” со тоа што со голема помпа го пречека претседателот Макрон во Белата куќа.

Двете земји „се најсилните сојузници бидејќи ова пријателство е вкоренето низ вековите”, рече Макрон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот