Макрон: Договорот Србија-Косово веднаш да се спроведе во целост

Емануел Макрон / 14 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/GONZALO FUENTES

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека договорот меѓу Србија и Косово е „важен напредок“ и дека сега е од суштинско значење двете страни да покажат одговорност и „веднаш и со добра волја да почнат да ги спроведуваат сите обврски“ наведени во него.

На крајот од сесијата на лидерите на ЕУ, на која високиот европски претставник Жозеп Борел ги информираше за договорот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, Макрон го поздрави договорот и побара брзо спроведување.

Францускиот претседател истакна дека „добро е познато колку Франција и Германија работеа заедно за ова и дека ќе продолжат да го прават тоа и во иднина“.

Портпаролот на Европската унија Петер Стано пак изјави дека Косово и Србија би можеле да го загрозат нивниот меѓународен углед доколку што поскоро не почнат да го спроведуваат Охридскиот договор.

Стано потенцираше дека кредибилитетот на страните ќе биде загрозен со неспроведување на договореното, бидејќи за да се гледаат како доверлив партнер на ЕУ мора да го спроведат тоа што го ветиле.

ЕУ: Косово и Србија би можеле да го загрозат меѓународниот углед, ако наскоро не почнат со имплементација на Охридскиот договор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот