Макрон денеска ќе го соопшти името на мандаторот за состав на влада

Емануел Макрон/ Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе именува нов премиер, по само осум дека откако пратениците му изгласаа недоверба на премиерот Мишел Барние.

Макрон вчера ја прекина посетата на Полска и се очекуваше да го објави својот избор за нов премиер по враќањето во обид да стави крај на повеќемесечните политички превирања, но откако неговиот авион слета во близина на Париз, сепак беше најавено дека ќе почека да ја соопшти таа одлука.

„Изјавата за именување на премиер ќе биде утре (петок) наутро“, рече доцна синоќа советник на претседателот, барајќи да остане анонимен.

„Тој ги завршува своите консултации“, додаде советникот, без да каже дополнителни детали.

Најновата анкета на BFMTV покажа дека 61 отсто од Французите се загрижени за политичката ситуација.

Макрон нагласи дека ќе остане на функцијата до крајот на неговиот втор мандат во 2027 година, и покрај разрешувањето на премиерот Барние, кој помина само три месеци на функцијата.

Меѓу главните кандидати кои би можеле да го заменат Барние се лидерот на центристичката партија Демократско движење, Франсоа Бајру, министерот за одбрана Себастиен Лекорну и поранешниот левоцентристички премиер Бернар Казнев, јавија француските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот