Макрон: Дел од секој од нас изгоре вечерва

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател Емануел Макрон, вечерва изјави дека е „многу емотивно за целата нација“ да ја гледа катедралата Нотр Дам зафатена од огнени јазици и како се урива нејзината кула.

– Како и сите мои сонародници, несреќен сум што гледам како дел од секој од нас изгоре вечерва, напиша Макрон на Твитер и воедно изрази солидарност со „сите католици и Французи“.

Макрон за 20 часот имаше закажано редовно обраќање пред новинарите за состојбата на нацијата, но го откажа поради големиот пожар во Нотр Дам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот