Макрон бара итно повлекување на азербејџанските сили од Ерменија

Емануел Макрон
Емануел Макрон /Фото: ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со ерменскиот премиер Никол Пашињан побара итно повлекување на азербејџанските трупи од Ерменија, се наведува во соопштение од Елисејската палата.

„Претседателот на Републиката потсети на посветеноста на Франција кон територијалниот интегритет на Ерменија и ја истакна потребата за итно повлекување на азербејџанските трупи од Ерменија”, соопшти Елисејската палата.

Франција смета на решавање на граничната состојба за да се врати стабилноста и безбедноста во регионот преку Советот за безбедност на ОН.

Претходно, ерменското Министерство за одбрана објави дека во средата, дека азербејџанските вооружени сили се обиделе да извршат одредена работа „за разјаснување на границите” во една од пограничните области во регионот Сијуник на Ерменија. Во исто време, министерството не прецизираше која специфична работа ја завршила азербејџанската војска.

За состојбата на границата во средата дискутираа министрите за надворешни работи на Ерменија и Русија, Ара Аивазијан и Сергеј Лавров. Ерменското Министерство за одбрана вчера соопшти дека азербејџанските вооружени сили се обиделе да ги придвижат своите позиции напред во областите на градовите Варденис и Сисијан во јужниот дел од Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот