Макрофинансиска помош од 80 милиони евра од ЕУ за С. Македонија за борба со Ковид-19

Европската Комисија денеска потпиша Меморандум за разбирање со Северна Македонија со цел отворање на патот за исплата на макрофинансиска помош од 80 милиони евра.

Ова е прв меморандум за разбирање, потпишан како дел од пакетот од 3 милијарди евра, што Комисијата го предложи за десет нејзини партнерски земји, соседни но и кандидати во процесот на проширување, а се со цел излез од економската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Како што информира Европска Комисија, овие средства ќе бидат достапни во форма на долгорочни заеми по многу поволни услови.

-Средствата ќе придонесат за подобрување на макроекономската стабилност и создавање простор за распределување ресурси за ублажување на сериозните негативни социо-економски последици од пандемијата на коронавирус, информира ЕК.

Програмата за Северна Македонија е во вредност од 160 милиони евра.

-Денеска потпишавме Меморандум за разбирање со Северна Македонија, отворајќи го патот за исплата на финансиска поддршка од 80 милиони евра, истакна комесарот за економија, Паоло Џентилони.

Одлуката за давање макрофинансиска помош на десетте земји во контекст на справување со пандемијата КОВИД-19 беше предложена од Комисијата на 22 април, и донесена од ко-законодавците на 25 мај 2020 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот