Макрадули: Во 2020 нов повик за субвенции за поставување филтри кај мали и средни компании

ФОТО: МИА

Во врска со мерката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер-системи, Макрадули рече дека треба да се состави комисија, но дека средствата се префрлени до општините кои на седници на советите треба да го прифатат тоа и да објават.

Ни една фирма од дрвната индустрија во Тетовско не добила субвенција за поставување филтри на минатогодишниот повик на Министерството за животна средина и просторно планирање. Заменик-министерот Јани Макрадули истакна дека тоа било поради неисполнетите услови, иако од фирмите се барало само да ги имаат платено сите давачки кон државата.

-Аплицираа, но не ги исполнуваа условите. Можеби Комората на северозападна Македонија требаше да има позначајна улога. Апелиравме, промовиравме, се продолжи рокот, но ништо таа работа да се искористи бидејќи има 30 компании кои користат отпад од свое производство за загревање, изјави Макрадули на новинарските прашања на вечерашната трибина на СДСМ „Агенда – Воздух 20-24″.

Макрадули соопшти дека во 2020 година ќе има нов повик кој ќе биде не само за фирмите од дрвната индустрија, туку и за другите индустрии, за да може да аплицираат повеќе мали и средни компании.

Во врска со мерката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер-системи, Макрадули рече дека треба да се состави комисија, но дека средствата се префрлени до општините кои на седници на советите треба да го прифатат тоа и да објават.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот