Макрадули: Велосипедизмот со себе носи социјални, економски и еколошки придобивки

Велосипедисти / Фото: Слободен печат

Денескa е Светски ден на велосипедот и со личен пример се приклучувам во одбележувањето. Водени од значењето на возењето велосипед, Обединетите нации го прогласија 3 јуни како Светски ден на велосипедот, со усвојување резолуција на 12 април 2018 година, за време на 72-та редовна сесија на Генералното собрание на ООН, во Њујорк, информираат од Кабинет на заменик министер
за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

При тоа, Резолуцијата беше усвоена со консензус на 193 земји-членки, а со тоа се охрабруваат земјите-членки да посветат особено внимание на велосипедот во меѓусебните развојни стратегии и да го вклучат велосипедот во меѓународни, регионални, национални и локални политики и програми за развој.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули/ Фото: Слободен печат/Д. Митрески

-Велосипедизмот со себе носи социјални, економски и еколошки придобивки. Возењето велосипед придонесува и кон остварување на целите за одржлив развој (SDGs), особено во исполнувањето на глобалната цел SDG # 13: КЛИМАТСКА АКЦИЈА. Имено, еколошки гледано, велосипедот е симбол за декарбонизација на транспортот и општествата, затоа што се еколошки превозни средства за кои не се потребни фосилни горива- стои во соопштението од кабинетот.

Дополнително, возењето велосипед е:
– Добра вежба – со која имаме здрава физичка активност како дел од нашите секојдневни рутини. Светскиот ден на велосипедот е ден да апелираме повеќе луѓе да се придружат.
• Добро е за околината, животната средина, зошто нема валкани издувни гасови да го загадуваат воздухот.
• Добар е во денешни услови за социјална дистанца одејќи на работа и избегнувајќи затворен превоз.

Периодот на пандемијата нѐ обврзува на менување на некои навики, затоа:
• Во функција на реализирање на предлогот од #МКЗеленДоговор – треба да се одреди “Ден без автомобили”, како и стимулирање на комбиниран транспорт, Smart Mobility. По препораките на Европскиот зелен договор, потребно е користење на модели на транспорт. Ова може да има многу различни форми, вклучително и ride-sharing, car-sharing, јавен превоз, одење пешки, возење велосипед и многу повеќе.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот