Макрадули: Саниран инцидентот во „Охис“, не постои никаква опасност

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска преку својот Фејсбук профил информираше дека инцидентот во фабриката „Охис“ е целосно саниран и оти нема никаква опасност.

– По вчерашните случувања во кругот на „Охис“, денес повторно е направен увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина и од Лабораторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, ангажирана од страна на судот, за надзор на процесот и начинот на кој се одвива чистењето. Она што е констатирано е дека инцидентот е саниран, благодарение и на брзата реакција на сите надлежни институции – напиша Макрадули на Фејсбук.

Тој додава дека откако ќе бидат собрани и обработени податоците од сите релевантни институции, ќе се донесе соодветно решение.

– Сакам да ги уверам жителите на Кисела Вода дека не постои никаква опасност, а тоа и го покажуваат и мерењата од страна на Лабораторијата АМБИКОН, направен со PID детектор за органиски испарливи компоненти кој покажа дека нема концентрација на метил акрилат мономер во зоната на објектот – пишува Макрадули.

Инцидентот беше пријавен вчера од страна на граѓани кои почувствувале непријатна миризба, печење на очите и главоболки. На терен беа излезени сите надлежни институции и според информациите од Државниот инспекторат за животна средина целата излеана течност беше собрана уште во текот на вчерашниот ден.

Прочитајте и...  Д-р Пановски: Ниту во август нема да ги исполниме условите и параметрите за патувања во ЕУ

Информациите од надлежните институции беа дека е истечена вода од цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер. При миењето на цистерната попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот поради што се почувствувала непријатна миризба во околината.

Прочитај повеќе

МЗ: Изминатите три недели бројот на оздравени лица расте за околу 40% на неделно ниво

Слободен печат

Армијата доби донација во заштитна опрема од Кина вредна 250.000 евра

Слободен печат

Врховниот суд на САД одобри извршување на првата смртна казна на федерално ниво после 17 години

Слободен печат

Вучиќ ги почна консултациите за формирање влада

Слободен печат

Заменик- префектот на Кукуш апелира до граѓаните да ги прекинат или ограничат патувањата во Северна Македонија

Миа Агенција

ЈО: Итно и со приоритет се постапува по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Милева: Бугарското обвинителство е под невиден политички притисок

Слободен печат

Хрватската опозиција одби консултации со Пленковиќ

Слободен печат

Гласањето на болните во шест општини од Југоистокот се одвива без проблеми

Слободен печат

Трамп му честиташе победа на Дуда на претседателските избори во Полска

Слободен печат

Британската влада инвестира во истражување за нова нуклеарна технологија

Слободен печат

Реакција од МЗГ во врска со став на член на Комисијата за заразни болести за одржување на Галичка свадба

Слободен печат