Макрадули: Подготвуваме крупни измени во Законот за отпад

„Во собраниска процедура е закон предложен од група пратеници, а во Министерството се подготвуваат сериозни измени на Законот за отпад и третира многу повеќе работи отколку тоа што е поднесено во Парламентот“, рече Макрадули.

Со популистички методи не се решаваат проблемите во животната средина, и посебно не пред избори, изјави заменик министерот во Министерството за животната средина и просторно планирање Јани Макрадули за време на денешната посета во Битола најавувајќи дека во МЖСПП се подготвуваат крупни измени во Законот за отпад и ќе биде многу поквалитетен отколку законот што сега е во собраниска процедура.

-Во собраниска процедура е закон предложен од група пратеници, а во Министерството се подготвуваат сериозни измени на Законот за отпад и третира многу повеќе работи отколку тоа што е поднесено во Парламентот. Но јас сакам да укажам дека е многу проблематично да се обидете со за жал популистички методи да ги решавате проблемите во животната средина. Така не се работи и посебно тоа не смее да се прави во период пред кампања во пресрет на избори. Сакам да ги издвојам следните факти, најнапред РС Македонија е потписник или ратификувала Конвенции што ги регулираат овие прашања. Ние, согласно Договорот за стабилизација и асоцијација имавме обврска, ги ратификувавме и работиме по европски стандарди, а Базелската конвенција е една од нив. На пример, во овој момент 15 тони опасен отпад од „Охис”-Скопје чекаат да бидат испратени во една европска држава, и замислете таа европска држава да каже – не! Тоа е процес, меѓународно верификуван, и наша задача како Влада е да ја вратиме довербата на граѓаните кон институциите, но и институциите да реагираат за да граѓаните бидат поспокојни и дека се почитуваат македонските закони – изјави Макрадули.

Прочитајте и...  Трет рок за запишување на студии на Универзитетот во Тетово

Заменик министерот во МЖСПП Јани Макрадули во придружба на градоначалникот на Битола Наташа Петровска изврши увид на еко-инвестициите во основното училиште „Кирил и Методиј” во овој град.

Прочитај повеќе

Филипче: Кротката убавица Бојана како лавица го победи карциномот (ВИДЕО)

Слободен печат

Словенија: Се очекува 60 отсто од населението да се вакцинира кога ќе бидат достапни ковид вакцините

Слободен печат

Апел од шпанската Влада: Жителите на Мадрид да го ограничат движењето

Слободен печат

Голема акција на Европол и ФБИ: Уапсени 179 лица, запленет пола тон дрога и оружје

Слободен печат

Фејсбук и Инстаграм поради прописите ќе ја напуштат Европа?

Слободен печат

Ковид-тест наместо карантин за патниците пред меѓународните летови, бараат авиокомпаниите

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Британија со нови рестриктивни мерки: Полициски час за рестораните, казни за неносење маски, свадби и погреби со ограничен број луѓе

Слободен печат

Расте бројот на заразени во Шведска, се размислува за нови мерки

Слободен печат

Се „крчка“ нов Кривичен законик, но и Закон за кривична постапка.

Лука Андреев

Макрон ја повика Русија да објасни за труењето на Навални, нема да толерира хемиско оружје

Слободен печат

Хашки обвинител: Ќе ги гониме оние кои ќе го откријат идентитетот на сведоците против ОВК

Слободен печат

Д-р Марковски: Потребно е владино тело од 4-5 доктори кое ќе носи одлуки за да излеземе од пандемијата

Слободен печат