Макрадули: Најмногу отпад се увезувало во 2015 и 2016 година, ама не знам каде се складирал, тогаш бев без работа

Многу е подобро отпадот да се обработи како алтернативно гориво отколку да се прават купишта од депонии, ќе има помало загадување на почвата и на емисиите на ЦО2. 

Бројките на увезен отпад во Македонија, околу кои се крена голема фама во јавноста не треба да ги загрижуваат граѓаните, бидејќи како што уверува заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, тој отпад се користи за преработка, а не за депонирање.

– Во 2015 и 2016 година е увезена најголема количина отпад. Сега станува збор каков е тој отпад и дали се користи за нешто? Во Република Северна Македонија не можете да увезете отпад за да го складирате и затоа „Дрисла” никогаш и не добила дозвола за да може да земе од некаде отпад и некаде да го стави. Се увезува отпад единствено за да се преработи. На пример компанијата „Макстил” увезува железо кое потоа 97 отсто го извезува обработениот материјал. Се увезува пластика во компании кои рециклираат, каде пластичните шишиња се прават канчиња за јагоди и ги извезуваат во Италија или прават други продукти. Ве уверувам дека работите одат согласно законите и стандрдите, рече Макрадули.

Тој ги посочи позитивните примери од земјите членки на ЕУ, каде отпадот се преработува.

– Ако зборуваме за алтернативните горива, во Шведска има 31 објект, во земјите членки на ЕУ има скоро 500 објекти кои што од отпадот произведуваат топлинска или електрична енергија. Многу е подобро отпадот да се обработи како алтернативно гориво отколку да се прават купишта од депонии, ќе има помало загадување на почвата и на емисиите на ЦО2.

Макрадули нагласи и дека Македонија повеќе извезува отколку што увезува отпад.

– Сега количините се драстично помали. Повеќе се извезува отколку што се увезува отпад и тоа е многу битно да го знаеме. Република Северна Македонија е дел од еден систем наречен Базелска конвенција, меѓународни ратификации. Ние сме потписници на Договорот за стабилизација и асоцијација. Ги хармонизираме законодавствата и ние не можеме да бидеме надвор од европските стандарди. Ние мораме да изградиме систем на враќање доверба во институциите, рече Макрадули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот