Макрадули кандидат за нов директор на Македонска пошта?

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули/ Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Поранешниот заменик министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, како што дознава ТВ21, ќе биде новиот директор на Македонска пошта.

Досегашниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од редовите на ДУИ ќе биде назначен за директор на ЈП „Државни патишта“. Ова пред една недела го најави премиерот Зоран Заев.

Рустеми во ЈП „Државни патишта“ ќе го замени Зоран Китанов од СДСМ.

Рустем беше назначен за директор на Македонска пошта во август 2018 година.

Ќе се приватизира Пошта и други компании кои работат со загуби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот