Макрадули: Имаме потреба од 50-ина вработувања, но не планираме толку да реализираме

Јани Макрадули
Фото: МИА

Мој, а и приоритет на Управниот одбор е да го подобриме технолошкиот процес во Пошта, кој има потреба од 50-ина нови вработувања, но не планираме толку во овој период и ги чекаме согласностите кои ќе ги добиеме, потврди денеска генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули.

– Како компанија имаме потреба од нови вработувања, но сѐ уште немаме објавено оглас. Старосната структура во Пошта е многу висока и 56 луѓе веќе заминаа во пензија, повеќето од нив со високо образование. Во овој период има и многу поштари разнесувачи кои го оствариле правото на пензија и заминуваат. Мораме да најдеме решение, бидејќи согласно Законот за поштенски услуги во секоја од 340-те поштенски единици мораме да имаме и поштари, рече Макрадули во одговор на прашање по денешната работна посета на Поштата ЕПМ 1013 Шуто Оризари.

Покрај одењето во пензија, додаде, имаме и една појава која ја испитуваме сега што влијае на одвивањето на технолошкиот процес зашто Согласно Закон, мораме да ги покриеме сите региони со поштари.

– Согласно законот и колективниот договор повеќе луѓе го користат правото на неплатен одмор во траење од три месеци. Тоа е една негативна појава која не е присутна само кај нас, туку ја има во многу институции. Проверуваме каде се тие луѓе и дали се во држава, но сепак законот им дозволува и затоа во овој момент трпи одреден дел од доставата, прецизира Макрадули.

Нагласи дека има и одредени места низ државата каде нема внатрешен кадар со високо образование што може да го префрлат или да го преместат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот