Макрадули и Богоев заедно со граѓаните го „светнаа“ Карпош (ФОТО+ВИДЕО)

Општина Карпош успешно реализираше една од најголемите еко – акции на својата територија. Денеска, се чистеше на повеќе ударни локации, во различни населби.

Градоначалникот, општинската администрација, советниците, повеќе јавни претпријатија, приватни фирми, еколошки друштва, граѓани се приклучија кон акцијата. Се чистеше околу платото на „Млечен“, но и долж Кејот на Вардар, Т.Ц „Лептокарија“, платото во Порта Влае, долж булеварот „Партизански одреди“ и Козле.

Градоначалникот Стефан Богоев посочи дека денеска се мијат и поголем дел од сервисните улици низ Општината, како „Бледски договор“, „Љубљанска“ и „Париска“.

– Оваа еко – акција за чистење на Општината започна вчера, кога најмладите ги уредуваа училишните дворови. Продолжуваме денеска, со еко – офанзива во која се приклучија повеќе од 20 општествено одговорни субјекти, општинската администрација, граѓаните, граѓанските организации. Тековно и секојдневно се грижиме за јавната хигиена, но целта на овие акции е да се подигне јавната свест кај сите чинители. Не ни треба повод и меѓународен ден за да се вклучиме во акција, секој носи одговорност, Карпош нека дише, рече Богоев.

Кон акцијата се приклучи и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, кој чистеше во урбаната заедница „Владо Тасевски“ и напомена дека Министерството ќе продолжи да ги поддржува овие акции. Општина Карпош изминативе денови ја започна и пролетната акција за засадување на нови садници, а денеска хортикултурно се уредува и делот околу Порта Влае.

Ја користиме оваа прилика да се заблагодариме на сите граѓани и субјекти кои денеска ни се приклучија: ЈП Паркови и зеленило, ЈП Комунална хигиена – Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Лајонс Дистрикт 132 Македонија, Е-марк Македонија, Енекод, Центар за социјални иновации БЛИНК 42 – 21, Acibadem Sistina, Лабораторија Аvicena, групата DNK, Друштво за управување со отпад НУЛА ОТПАД, здружението Екоскоп, Црвен крст – Карпош, Зоолошка градина – Скопје, приватна детска градинка Колорес, Пакомак, Sunilens, Црвен крст – Карпош, Здружение на граѓани – АКЦИЈАШИ и ПроКредит банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот