Макрадули: Брендот УНЕСКО го штитиме со активностите од НП „Галичица” и оние во рамки на Планот за чист воздух

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, денеска од Охрид порача дека брандот УНЕСКО што го поседува охридскиот регион се брани и со спроведените активности во рамки на Планот за чист воздух, како и со бројните меѓународни проекти изменаџирани во Националниот парк „Галичица”.

Макрадули го посети Основното училиште „Григор Прличев” во Охрид, каде со финансиска поддршка од 1,6 милиони денари преку Планот за чист воздух, во делот на енергетската ефикасност, се заменети старите врати и прозорци.

Со тоа училиштето постигнува големи заштеди во потрошувачката на електрична енергија, средства што можат да се искористат за други потреби.

Претходно Макрадули го посети и Националниот парк „Галичица” каде изминатите неколку години се спроведени значајни измени во делот на самоодржувањето на институцијата.

– Националниот парк Галичица, можеме да го користиме како пример за парк кој што прв донесе забрана за сеча на дрвата, и тоа да не биде извор на приход на Националниот парк. Онака, како што е препорачано во сите европски земји, односно тоа да се прави со заштита на природата и заштита на убавината, рече Макрадули, потсетувајќи дека на тој начин се придонесува и за намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата и на аерозагадувањето.

Макрадули изрази задоволство од спроведените активности на менаџирањето со Националниот парк, кој преку имплементација на неколку проекти активно придонесува за одржувањето на брендот УНЕСКО што го поседува регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот