Макпетрол најуспешен клуб на Државното карате првенство со 13 медали

Изминатиот викенд во Скопје во салата „Борис Трајковски“ се одржа Државното првенство во карате за сениори-ки, во поединечна и екипна конкуренција во дисциплините борби и кати.

Ова Државно првенство е критериумско за избор на сениорската репрезентација која во месец мај треба да настапи на Европското првенство за сениори кое ќе се одржи во Пореч. Сите први места обезбедија учество на ЕП и ќе настапат во Хрватска.

Макпетрол е најдобар карате клуб на Државното сениорско првенство, освои 13 медали – осум златни, два сребрени и три бронзени.

Државни шампиони се:
– Сара Радичевска -50 кг,
– Симона Заборска -55 кг,
– Моника Пендаровска -61 кг
– Ангела Мојсовска -68 кг,
– Екипно жени борби во состав: Симона Заборска (капитен), Сара Радичевска, Ангела Мојсовска и Моника Пендаровски Викторија Јовановска,
– Абдурахим Идризи -60 кг,
– Давид Петков -67 кг
– Петар Спасеновски -84 кг

Сребрени медали освоија:
– Марија Петровска -50 кг
– Машкиот тим во борби во состав: (Заборски Петар, Спасеновски Петар, Петков Глигор, Ацковски Роберто, Абдурахим Идризи, Глигор Станоев и Давид Петков).

Бронзени медали освоија:
– Роберто Ацковски -67 кг
– Викторија Јовановска -61 кг
– Глигор Петков -84 кг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот