18.8 C
Скопје

Макпетрол Инфо Поинт: Што значат симболите, што ни кажува возилото?

На таблите на возилата се наоѓаат голем број информации – од брзината на движење на возилото, температурата на моторот, состојбата на сопирачките, светлата за позиционирање. На сите ни се случило додека патуваме неочекувано да слушнеме „бип“ сигнал од возилото, а кога ќе погледнеме се појавил некој ситен симбол, што првпат го гледаме или не можеме точно да се сетиме што значи.


Некои симболи се поочигледни од други, но, секако, важно е да знаеме што значат за во случај да треба да застанеме и да побараме помош.

Генерално, црвената боја значи предупредување за потенцијален проблем, грешка или безбедносен ризик. Треба да возиме внимателно и возилотоo да биде проверено на сервис.

Најчесто, тука спаѓаат проблемите со акумулаторот или полнењето струја, висока температура на моторот, ниско ниво на масло во моторот или предупредување за кочниците.

Симболите кои се однесуваат на проблеми со безбедноста, најчесто се со жолта или портокалова боја, но може да бидат и во друга боја. Тука спаѓаат проблемите со безбедносниот појас и воздушните перничиња, проблемите со согорувањето на моторот, катализаторот, контролата за стабилност, АБС  сопирачките, безбедносните светла, филтерот за гориво, проблемите со управувачот

Вообичаените симболи како ниско ниво на гориво во резервоарот, отворена врата, потсетник за сервис или други информации може да бидат во различна боја, во зависност од производителот и моделот.

Возилата на дизел-горива имаат неколку дополнителни симболи – како што се предупредување за проблеми со грејачите за полесен старт на моторот, предупредување за филтерот за издувни честички или вода во пумпата за гориво.


Внимавајте, иако повеќето производители користат исти или слични симболи, сепак, не сите симболи се универзални. Доколку не сте сигурни, најдобро е да проверите во прирачникот на возилото или да контактирате сервис.


Комерцијален ПР текст

Поврзани вести

ВИДЕО: Погледнете како се снимал култниот филм „Dirty Dancing“

Слободен Печат

Карли Клос: Го следев моето срце, се омажив за човекот што го сакам и покрај сите компликации

Слободен Печат

„Меган ќе остане дома“: Принцот Хари ќе присуствува сам на откривањето на статуата на неговата покојна мајка

Слободен Печат

Трикови кои може да ви помогнат да заспиете полесно

Слободен Печат

ФОТО+ВИДЕО | „Договор за Европско првенство“: Девојка сподели какви правила ѝ поставило нејзиното момче додека трае „фудбалското лудило“

Слободен Печат

ФОТО: Ненси и Роналд Реган – љубовна приказна која траела 52 години, си биле доволни сами на себе, а со децата имале чуден однос

Слободен Печат

Остави Коментар