18.8 C
Скопје

Макпетрол Инфо Поинт: Што значат бројките на маслото за мотор

Не сите возачи знаат што има под хаубата на автомобилот или, пак, какво масло користи или е најдобро за моторот. За тоа се задолжени сервисните центри, но што ако се најдете во ситуација да треба сами да доставите масло во моторот. Како да знаете што значат бројките на кутијата? Што значи SAE 5W-30? Краток одговор – бројот го означува вискозитетот на маслото и W значи – во зима.

Долгиот одговор – Здружението на автомобилски инженери (SAE) има воспоставено коден систем за оценување на маслото за мотори во зависност од нивните карактеристики на вискозност. Вискозноста на маслото се менува во зависност од температурата, а голем број производители имаат развиено масла за соодветна заштита на широк опсег на температури.

Примерот со SAE 5W-30, бројот пред W го означува вискозитетот на маслото на ниски температури. Колку е понизок бројот, толку маслото има подобри својства на ниска температура и ладен старт на моторот. Бројката после W означува каква е вискозноста на маслото на нормална работна температура.

Најголем дел од возилата користат SAE 5W-30 или SAE 10W-40, кои најдобро го опфаќаат опсегот на температури за наши услови. Повеќето производители препорачуваат какво масло е најдобро да се користи за моторот и вообичаено тоа е јасно означено на капакот за масло. Ако не можете да го најдете, тогаш или пребарајте на интернет или побарајте совет од продавачот.

Вискозитет на масло, просто би значело, колку лесно/мазно се движи/подмачкува маслото при одредена температура. Само за пример, масло 40 W би било одлично за долг пат на лето, кога температурите се високи и самиот мотор е добро загреан, но би имало послаби перформанси за зима. Исто така, 5 W е одличен избор за зими со ниски температури, но откако температурите ќе пораснат нема да може да обезбеди соодветно подмачкување.

Со користење на соодветното масло гарантирате лесен старт на моторот, намалено трошење на внатрешните делови, како и намалена потрошувачка на гориво и поголема агилност при работата на моторот.


Koмерцијален ПР текст

Поврзани вести

ВИДЕО: Погледнете како се снимал култниот филм „Dirty Dancing“

Слободен Печат

Карли Клос: Го следев моето срце, се омажив за човекот што го сакам и покрај сите компликации

Слободен Печат

„Меган ќе остане дома“: Принцот Хари ќе присуствува сам на откривањето на статуата на неговата покојна мајка

Слободен Печат

Трикови кои може да ви помогнат да заспиете полесно

Слободен Печат

ФОТО+ВИДЕО | „Договор за Европско првенство“: Девојка сподели какви правила ѝ поставило нејзиното момче додека трае „фудбалското лудило“

Слободен Печат

ФОТО: Ненси и Роналд Реган – љубовна приказна која траела 52 години, си биле доволни сами на себе, а со децата имале чуден однос

Слободен Печат

Остави Коментар