Макпетрол Инфо Поинт: Немате навигација – користете го стариот смартфон

Одите на патување и немате навигација во возилото. Стариот смартфон, држач и полнач за во автомобил може да бидат одлична замена за тоа.

Стариот андроид смартфон со мали подготовки може да го направите навигација за вашиот автомобил. Симнете апликација со мапи додека сте дома или направете ажурирање додека имате бесплатно Wi-Fi на некоја бензинска станица, набавете држач за мобилен за во автомобил и, секако, не заборавајте полнач, што може да работи на запалката за цигари за подолгите патувања.

Најпознатата навигација што сите ја користиме, секако, е Google Maps – и таа е одлична за градска средина, каде го покажува интензитетот и гужвата на улиците. Но, сепак, за сето тоа да функционира потребен е интернет или роаминг што доколку патувате во странство може да ве чини многу скапо.

Постојат повеќе бесплатни апликации со мапи и навигација, а кои работат без интернет. Најпозната е HERE WeGo – работи без интернет и само со GPS сигнал. Додека сте поврзани на Wi-Fi мрежа треба да ги симнете сите мапи кои ќе ви бидат потребни за патувањето и потоа можете да ги користите кога сакате и каде сакате без никакви трошоци – со исклучен интернет и без СИМ-картичка и мобилна мрежа, единствено со GPS сигнал.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот