Макпетрол: Цените на горивата треба да бидат пониски за 0,5 денари

„Макпетрол” АД реагира на денеска одредените малопродажни цени на нафтата и нафтените деривати по новата  методологија на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и смета дека требало да бидат пониски за половина дена по литар.

– Согласно нашите пресметки, за наредната недела очекувавме цени пониски за 0,5 денари по литар кај сите деривати, од објавените во одлуката од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Веднаш ја уочивме разликата, која не произлегува од движењето на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатиов период, туку во основа разликите произлегуваат од механизмот на заокружување со малопродажните цени на нафтените деривати, во новата одлука и правилникот на РКЕ. Во услови кога слободно беа формирани цените, ова заокружување како во позитивна така и во негативна насока се случуваше кај трговската маржа. Но во случај кога повторно РКЕ ја формира и одредува цената на нафтените деривати заокружувањето повторно се пресметува, додава кај акцизата но само во позитивен правец, информираат од Макпетрол.

Според нив, очигледно е дека РКЕ по налог или во соработка со Министерството за финансии, не сака да се откаже од дополнителни зафаќања кај акцизата, за сметка и во корист на потрошувачите и компаниите во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот