„Макканабис“: Џафери веднаш да закаже седница и да се изгласа Законот

фото: Слободен печат/Д. Митрески

Од Здружението повикуваат дека Претседателот на Собранието треба да ја сфати сериозно ситуацијата и потребата на оваа индустрија во делот на регулирање на правото и регулирањето на подзаконските акти.

Од Здружението на производителите на медицински канабис „Макканабис“ побараа од првиот човек на Парламентот да закаже во скоро време седница и да бидат доснесени измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотрпони супстанции, кој се носи по скратена постапка за да може да биде изгласан на наредната седница.

– Го повикувам претседателот на Собранието, Талат Џафери во најбрз можен рок да ја сфати сериозно ситуацијата и потребата на оваа индустрија во делот на регулирање на правото и регулирањето на подзаконските акти. Поради тоа што е важно оваа индустрија да оди напред – рече Костадин Дуковски, претседател на Здружението „Макканабис“.

Тој додаде дека веќе 3 години се борат за измените во Законот и дека е дојдено времето, поради тоа што Владата ја има завршено својата работа, донесени се потребните одреди и околу 60 проценти има промени во истиот. Па поради тоа од Здржението упатуваат молба до парламентарците во најкус можен рок да го стават на седница на Собрание и да може истиот да помине и тие сериозно да се фатат за работа.

– Видете имаме досега многу ветувања, но се додека не се реализира, не знаеме кога би можело тоа да се случи, но се надеваме дека тоа наскоро ќе биде реалност – изјави Дуковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот