„Макфест” годинава ќе се одржува под отворено небо, почна акредитирањето на новинарските екипи

Фестивалот „Макфест” годинава поради здравствените протоколи и мерки за заштита ќе се одржува под отворено небо на Градскиот плоштад „Слобода”, место во салата на Центарот за култура „Ацо Шопов”- Штип, каде што точно 34 години се одржуваше фестивалот.

Шефот на прес-центарот, Драган Ристов вели дека од денеска па до четврток, 17 септември можат да се акредитираат новинари, сниматели и фотографи.

Заради тоа што фестивалот се реализира под строги безбедносни и здравствени протоколи, согласно одлуките на Министерството за здравство и Владата, Ве инфорираме дека годинава е лимитиран бројот на акредитации за редакциите. Причина за ваквата одлука е да се овозможи што помало движење на луѓе во прес-центарот и да се обезбедат сигурни и безбедносни мерки за заштита од Ковид-19. Организацискиот одбор на фестивалот ќе прави напори новинарите непречено да ја вршат својата работа, но со задолжителни консултации со одговорните од прес-центарот, вели Ристов.

Тој информира дека секоја редакција има право на две акредитации за лицата кои ќе бидат назначени да го следат фестивалот, а годинава се воведени два типа на акредитации, зелена  со која ќе се има пристап до сите локации и црвена или со ограничен пристап, присуство во одредени делови.

Годинава фестивалот се оддржува на отворено, на градскиот плоштад, на 18 и 19 септември. Со цел полесно вршење на вашите новинарски активности, Организацискиот одбор обезбеди и посебно место за прес-центар, веднаш до самата сцена, со цел непречено снимање на изведувачите и земање на изјави, без кршење на здравствените протоколи. Се надевам ќе наидеме на Ваша соработка, со цел да се заштитиме сите од можно непријатни ситуации и кршење на протоколите кои се на штета на сите. Вашите акредитации испратете ги на е-маил адреса [email protected], рече Ристов.

Тој појаснува дека заради  безбедност и следење на протоколите, сите контакти и  активности на новинарите за време на фестивалските вечери, како што се земање изјави, правење инсерти, фотографирање ќе бидат во договор со лицата задолжени за функционирање на прес-центарот на Макфест“.

– Драган Ристов – шеф на прес-центар, телефон за контакт 078/472 708 и Трајче Јованов – прес-служба, телефон за контакт 074/609 710Сите Ваши прашања, слободно упатувајте ги на оваа е-меил адреса или во директен контакт на споменатите телефонски броеви. За време на фестивалот, консултирајте се со споменатите лица со цел непречено и професионално одвивање на фестиваот, но на наша заштита, додаде Ристов.

В среда е најавена прес-конференција, а она што се знае е дека на 18 септември осуммина пејачи ќе ги испеат најзпознатите хитови од „Макфест”. На 19 септември на сцената ќе бидат интерпретирани 24 нови фестивалски песни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот