„Макфест” годинава ќе се одржи на отворено

Фото: Принтскрин

Штип годинава нема да ја организира манифестацијата штипска „Пастрамајлијада”, додека фестивалот „Макфест” за првпат ќе се одржи на отворено. Одлуката е донесена поради пандемијата и посебните протоколи за организирање на вакви настани.

Градоначалникот Благој Бочварски вели дека „Макфест” годинава слави 35 години од постоењето и оти и пред да започне состојбата со корона вирусот сакале овој јубилеј да биде посебен бидејќи тоа го заслужуваат и изведувачите и гледачите.

– Поради новонастанатата состојба со Ковид 19 одлучивме за првпат во историјата, фестивалот на забавни мелодии „Макфест” да се одржи на отворено, односно на градскиот плоштад „Слобода”, каде ќе се одржат две фестивалски вечери. Првата вечер ќе се слушаат најпознатите стари хитови од „Макфест” од наши познати изведувачи, а втората вечер ќе биде директно финална вечер каде ќе настапуваат сите оние кои се пријавиле, вели Бочварски.

На Градскиот плоштад „Слобода” ќе има место за околу 400 гледачи, а фестивалот „Макфест” се планира да се одржи кон крајот на септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот