Македонското музичко трио „BDM“ со нова песна и најава за албум! (ВИДЕО)

Овој проект се разликува од претходните, бидејќи е работен во периодот кога се воведоа рестриктивните мерки за спречување на ширењето на заразата со Ковид-19, па затоа момците песната ја работеа на далечина.

Познатото македонско продуцентско три „BDM“, зад кое се кријат Бранко и Дуле Вељановски, како и Мартин Делиманов, ја објавија својата нова песна под назив „Sunlight“, која е направена во соработка со   со Alex V, со кого пред една година го снимија хитот „Run n’ Hide“.

Новата песна на „BDM“ е направена во електронски тропикал-амбиентален звук. Како и претходните песни, испеана е на англиски јазик и е во издание на „Paragon Record Label“. Музиката и аранжманот ги направија „BDM“, а текстот го сработија заедно со Аlex V. Песната веднаш доби и видео снимено од страна на Мартин Петровски, а пост продукцијта е дело на „Sky Eye Entertainment“.

„Кога со Alex V работевме на претходниот проект, Run n’ Hide, од самиот процес на креирање произлегоа и многу други идеи за кои сметавме дека можат да прераснат во понатамошни проекти. Една од нив е токму Sunlight“ – велат момците од „BDM“.

Овој проект се разликува од претходните, бидејќи е работен во периодот кога се воведоа рестриктивните мерки за спречување на ширењето на заразата со Ковид-19, па затоа момците песната ја работеа на далечина.

„Водејќи се од здравствените препораки што беа пропишани од надлежните, се договоривме овојпат да пробаме буквално сè да направиме онлајн и без каков било физички контакт. Домашните простории сите ги прилагодивме во работни простории и студија, и ги користевме сите можни апликации за комуникација. Притоа успеавме да добиеме резултат од којшто сме навистина задоволни,“ додаваат од бендот.

Песната ќе се најде на албумот „State of Mind“ на кој членовите на бендот „BDM“ моментално напорно работат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот