Македонското „Фиќо“ на струја, во „Њујорк Тајмс“

Првиот електричен автомобил ЗАС Г20 произведен и развиен во нашата земја се најде на страниците на „„Њујорк тајмс” опишувајќи го како трансформација на малиот култен автомобил „Застава 750″ од времето на социјализмот во возило од електричната ера.

ЗАС Г20 е развиен од македонската компанија „ВВ Класик карс” со помош од Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на борбата против енормното загадување во земјата.

Бензинскиот мотор е заменет со електричен произведен од германската компанија „Кесер” и има нулта емисија на јаглероден диоксид, а со едно полнење може да помине до 150 километри во реални услови на возење. Цената е околу 20 илјади ерва, пишува „Њујорк тајмс”. Весникот, како за споредба за понудата на елекрични возила на нашиот пазар пренесува текст од МИА, каде во понудата на Фолксваген се наоѓаат е-Ап и е-Голф со цена од околу 25.000 и 37.000 евра.

фотграфии

avtoplus.mk

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот