Македонското чудо од дете Тошевски направи милионски трансфер во Ростов

Напаѓачот на Работнички, Давид Тошевски, кариерата ја продолжува во рускиот клуб Ростов. По успешните преговори, тој потпиша петгодишен договор со Ростов и во иднина ќе настапува во руската Премиер лига.
Според договорот, Тошевски може да заработи дури два милиони евра со бонусите, а добро помина и Работнички кој според руските медиуми ќе инкасира 800.000 евра како обесштетување.

View this post on Instagram

Давид Тошевски – игрок «Ростова»!⁣⁣⠀ ⁣⁣⠀ Между ФК «Ростов» и ФК «Работнички» (Северная Македония) достигнуто соглашение о трансфере 18-летнего футболиста. Наш клуб подписал с Давидом пятилетний контракт.⁣⁣⠀ ⁣⁣⠀ Нападающий провёл 21 матч в Первой Лиге Северной Македонии, в которых забил 5 голов и отдал 3 голевые передачи. Давид Тошевски также является игроком молодёжной сборной Северной Македонии.⁣⁣⠀ ⁣⁣⠀ Приветствуем Давида в Ростове и желаем яркой игры в желто-синей футболке!⁣⁣⠀ ⁣⁣⠀ #ФКРостов #МыРостов

A post shared by Футбольный клуб «Ростов» (@fcrostov) on

Трансферот на фудбалското чудо од дете е уште еден доказ за одличната работа на Работнички чија стратегија е форсирање на млади и талентирани фудбалери кои потоа прават трансфери во големите европски клубови.

Тошевски е дете на Работнички, почетоците ги имаше во пионерско-младинската академија на клубот, а како еден од најталентираните беше прекомандуван во сениорскиот тим и потпиша професионален договор. Изминатава сезона Давид Тошевски одигра 21 натпревар во дресот на Работнички, беше стрелец на пет гола и забележа три асистенции. Тој е младински репрезентативец на Македонија. Трансферот на официјалниот сајт го потврди и рускиот клуб Ростов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот