Mакедонско вино, подарок од Заев за Столтенберг

Премиерот на Северна Македонија, кој ја предводи владината делегација на Самитот на НАТО во Лондон, на кој се одбележува 70-годишнината од Алијансата, денеска на првиот ден од лидерскиот собир му подари македонско вино на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој објави Твит во кој истакна дека Столтенберг еден од наголемите поддржувачи и пријатели на Северна Македонија.

-ГенСек Столтенберг е еден од нашите најголеми пријатели и поддржувачи. “You will join NATO” рече во една прилика и покажа на дело дека Алијансата остварува, а со тоа и ние го остваруваме генерацискиот сон. На здравје Јенс, уживај во вкусот на ова одлично македонско вино- напиша Заев во твитот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот